Зеленски: Во Италија има многу луѓе кои имаат симпатии кон Путин, укинете им ги визите


Окако украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпиша безбедносниот договор со премиерката на Италија Џорџа Мелони за време на нејзината посета на главниот град на Украина, на прес-конференција изјави дека Италија треба да ги укине визите на луѓето со ставови и симпатии за Путин, за да се осигура дека нема да ја попречуваат испораката на западната воена помош за Киев.

Новинар на италијанскиот дневен весник „Кориере дела сера“ го праша Зеленски дали луѓето во Европа кои „имаат симпатии“ за рускиот претседател Владимир Путин можат да го „комплицираат“ протокот на оружје во Украина.

„Многу сум благодарен на вашата премиерка. Таа е на наша страна и јас сум среќен со договорот што го потпишавме вчера, но во право сте: во Италија има многу луѓе кои имаат симпатии за Путин. Прво треба да им ги откажете визите“, одговори Зеленски. Ја повика Италија да обезбеди повеќе оружје, пишува „Раша тудеј“.

26.02.2024 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега