Сериозно
навлеговме во кампањата следната среда е првиот круг на претседателски избори,
мислам дека на сите им е јасно и мислам дека сите гледаат дека ВМРО-ДПМНЕ
убедливо ќе победи, Гордана Силјановска Давкова ќе е нов претседател на
Македонија“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и
носител на листа на ИЕ4 од митингот во Валандово.
„Мислам дека она
што е клучно за периодот кој што доаѓа е да се обратиме до сите што ги
познаваме, да поразговараме и да ги поканиме да излезат на гласање. Исто така
сите оние кои што се надвор од Македонија во дијаспората доколку се во можност
да дојдат и да гласаат, затоа што секој глас ни е потребен секој човек ни е
потребен за победата да биде убедлива и никој да не ја оспорува владата
предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи Николоски.
Николоски додаде
и дека тажната вистина е дека кога одиме во дијаспората, бевме и во Франција и
во Австрија и Швајцарија помеѓу нашите и за жал се повеќе наши луѓе гледаме
таму. Луѓе кои што минатата кампања ги гледав овде во Валандово, сега за жал ги
видов во дијаспората, тие за жал се иселиле. Тоа е тажната вистина на ова темно
владеење на ДУИ и СДСМ овие 7 години. И на тоа мора да ставиме точка, на тоа
мора да ставиме крај.
„Затоа што овие
избори се пресвртница и од овие избори ќе биде определена иднината на
Македонија. Ние сакаме просперитетна и развиена Македонија. Ние сакаме
Македонија во која што владее правото, ние сакаме Македонија која што ќе
напредува“, истакна Николоски.
Николоски посочи
и дека СДСМ веројатно не ни размислуваат за такви работи единствено што
размислуваат е како да приграбат нешто за себе. А овие од ДУИ многу добро знаат
што сакаат но тоа што го сакаат не е во корист ниту за Македонија ниту на
Македонците, тоа е во корист на една мала клика околу врвот на партијата која
што мисли само за себе и за оние околу нив. Затоа ни е потребна масовна
излезност. Затоа следната среда треба да излезете сите, да ги поканете сите да
излезат да гласаат и да ставиме крај тоа да е вовед во големата победа на 8
мај.
„Го гледам Стево
Пендаровски на почеток беше нервозен сега покрај нервозен и навредува не знам
што ќе се случи до крајот на кампањата. Од
СДСМ едниот скоро и да го снема, никој не се сеќава дека беше премиер на
Македонија а уште помалку мислам дека луѓето знаат дека е претседател на СДСМ
се вика Димитар Ковачевски. Единствено по што ќе биде запаметен е дека заедно
со другар му Бујар Османи го потпишаа таканаречениот француски предлог со кој
што решија да ја распродаваат македонската историја и култура“, нагласи
Николоски.
Тој истакна дека
во 4-та изборна единица носител е Венко Филипче кој што гледам дека освен што
злоупотребува пациенти и ја злоупотребува сопствената професија ништо друго и
не прави. Но не ми одговори па би сакал да го прашам од тука дали е вистина
дека има ангажирано пи ар агенција која што треба да работи на промоција на
неговиот имиџ, дали името на таа пи ар агенција е Рејтинг сопственост на Никола
Спасов син на поранешниот генерален секретар на СДСМ, Ѓорѓи Спасов и дали таа
пи-ар агенција ја плаќа по минимум 100 евра по објавен текст за Венко Филипче.
И финалното прашање од каде доаѓаат тие пари, кој ги обезбедува тие пари и како
тие пари преку агенцијата Рејтинг стигнуваат до медиумите“, кажа Николоски.