ВИДЕО | Интер го победи Торино и го подигна пехарот за освоеното Скудето

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Eкипата на Интер со 2:0 го победи Торино, а по натпреварот им беше доделен пехарот за освоеното Скудето.

Во минатото коло против Милан, Интер го обезбеди Скудетото, а денеска фудбалерите и заслужено си ги добија наградите.

Интер го победи Торино со 2:0 во натпревар во кој за нив немаше резултатско значење. Работата на гостите во денешниот натпревар беше отежната и со црвениот картон кој го заработи Темезе на десетина минтуи пред крајот.

Седум минути подоцна Чалханоглу го отвори резултатот, а потоа од пенал и ги постави конечните 2:0. По последниот судиски свиреж следуваше и шампионската церемонија на која им беше доделен пехарот и медалите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот