17 Мај, 2024
0.0276

ДАЧИЌ ДО ОСМАНИ: Изјавата е „дрска“

Објавено во: Балкан 15 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ ја оцени како „дрска“ изјавата на македонскиот колега Бујар Османи дека Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница за геноцид. Дачиќ го праша дали сака да поднесе резолуција за геноцидот на Србите во Јасеновац, заедно со Србија.

Османи денеска рече дека земјава ќе биде еден од коспонзорите на резолуцијата за геноцидот во Сребреница. 

„Тоа е цинизмот што постои на нашите простори, дека е важно да се води антисрпска политика и уште на сето тоа повикуваат да учествуваме во тоа. Дали треба да бидеме на страната на нацистите за да бидеме почитувани“, рече Дачиќ.

Се бара 11 јули да се прогласи за Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница. Османи ги повика земјите членки на ОН, а особено Србија да ја поддржат таа резолуција.

За резолуцијата која треба да се најде пред Генералното собрание на ОН на 2 мај, Дачиќ изјави дека документот ќе го предложат „најголемите геноцидни земји“.

„Зошто нема резолуција за германскиот геноцид врз Србите или турскиот врз Ерменците или врз Србите во Независната Држава Хрватска“, рече Дачиќ, наведувајќи дека „Германија, Холандија и Белгија извршија геноцид врз милиони луѓе во Африка“.

Дачиќ рече дека оние кои го извршиле „злосторството во Сребреница“ треба да одговараат за тоа, но дека за Србија е „неприфатливо муслиманите да се единствените жртви на војната“.

Претходно, со реакција се јави српскиот политичар Александар Вулин. 

Поранешниот лидер на српските радикали, Војислав Шешељ вели дека има јасна разлика меѓу геноцид и криминал и оти немало намера да се изврши геноцид во Сребреница. 

Во четвртокот вечерта, по состанокот со политичкото раководство на босанско-херцеговскиот ентитет Република Српска, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека Србија ќе ги искористи сите политички средства за да им се спротивстави на земјите на НАТО „од Турција до Германија“ во врска со најавената резолуција, оценувајќи дека „мали се шансите за успех“, но дека ќе се бори за секој глас во ОН.

Во јули 1995 година, во Сребреница е извршен геноцид врз Бошњаците, што се смета за едно од најтешките злосторства извршени во Европа од Втората светска војна. Се проценува дека силите на Армијата на Република Српска убиле повеќе од 8.000 бошњачки мажи и момчиња во и околу градот за само неколку дена. Повеќе од 40.000 луѓе беа протерани.

Досега во Меморијалниот центар Сребреница-Поточари се погребани над 6.650 жртви, а на други локации над 230 жртви. Според податоците на Институтот за исчезнати лица на БиХ, уште се трага по околу 1.200 жртви.

Инаку, Османи најави дека ќе бара Македонија да излезе од Отворен Балкан, поради нападот која го изврши српска вооружена група во Бањска на Косово лани. 

Можеби ќе ве интересира

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години