Насловна / Вести / Изјаснување за интерес за стручна екскурзија, посета на брани, хидроцентрали и други хидротехнички објекти во Турција

Изјаснување за интерес за стручна екскурзија, посета на брани, хидроцентрали и други хидротехнички објекти во Турција

Информација и барање за изјаснување за интерес за стручна екскурзија со посета на брани, хидроцентрали и други хидротехнички објекти во Турција, планирана да се одржи во периодот 24 – 27.04.2024 година.

Во организација на ЗМКГБ, во минатиот период, беа организирани пет стручни посети на  брани, хидроцентрали и други хидротехнички објекти. Од учесниците, членови на ЗМКГБ, вработени во градежни компании, хидроенергетски претпријатија, инженеринг фирми и научни и административни институции во РС Македонија беше посочено дека стручните екскурзии се драгоцени за нивната професионална надградба и дека оваа традиција треба да биде поддржана во следниот период.

На Годишното собрание на ЗМКГБ, одржано на 21.12.2023 година, едногласно беше усвоено да се продолжи со организирање на стручни екскурзии, а според усвоениот план на активности за 2024 година, да се посетат браните во Турција, во период од пет работни дена, во месец април.

Сите досегашни студиски патувања беа во целост спроведени според усвоените технички програми, предложени од националните комитети за големи брани на земјите што беа посетени.

Screenshot-2022-11-03-123052 (2)

Со цел што поскоро да се побара предлог техничка програма од Здружението за брани на Турција потребно е да биде познат ориентациониот број на учесници за април 2024 година. За таа цел, ги замолуваме потенцијалните учесници за стручната посета во април 2024 година, да ги информираат раководителите на своите компании/институции за оваа активност на ЗМКГБ и да достават известување до Претседателството на ЗМКГБ – дали ќе бидат учесници на овогодишната стручна екскурзија. Известувањето да биде испратено по е-пошта до техничкиот секретар Фросина Пановска, fpanovska@gf.ukim.edu.mk, најдоцна до 28.2.2024, со цел навремено да се ажурира списокот на учесниците, што ќе биде разгледан на Седница на Претседателството на ЗМКГБ, предвидена за 29.2.2024 година.

Во овој момент не е позната точната цена за стручната екскурзија која опфаќа 6 ноќевања со појадок во хотели со 3* во Турција (двокреветна соба) и автобуски превоз. Според цените од туристичките агенции за минатите екскурзии (со партиципацијата од ЗМКГБ) чинењето по учесник беше: 16,900 денари (Словачка, 2014), 16,900 (Романија, 2015), 17,398 (Италија, 2016), 27,000 (Австрија, 2018) и 12,400 (Грција, 2023, за 3 ноќевања).

За оваа година во Турција, имајќи го предвид поскапувањата за транспорт во претходните години, предвидуваме дека цената нема да надмине 25,000 денари/учесник.

Прелиминарната листа за стручната посета на брани во април 2024 ќе биде составена од првите 40, кои во наведениот рок доставиле изјаснување дека се потенцијални учесници.

Претседател на ЗМКГБ,

Проф. д-р Љупчо Петковски

Испрати коментар

Scroll To Top