Три девојчиња од Скопје нападнале врсничка, ѝ го зеле телефонот

Врсничко насилство / илустрација

Мајка од Драчево вчеравечер пријавила дека три други девојчиња дента ја нападнале нејзината ќерка и ѝ го одзеле телефонот, соопшти МВР.

„На 05.06.2023 во 23.00 часот во Полициската станица Драчево, Х.К.(52) од Скопје пријавила дека околу 12.50 часот на ул.„Славка Динкова” нејзината малолетна ќерка била физички нападната од три малолетнички, од кои едната ѝ го одзела мобилниот телефон“, пишува во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот