Во Ново Мексико: Три жени се заразиле со ХИВ откако биле на „вампирски“ третман на лицето

Фото: Profimedia

На три жени им е дијагностицирана инфекција со вирусот ХИВ откако биле подложени на т.н вампирски третмани во нелицентиран медицински спа-центар во Ново Мексико, објави Центарот за контрола и превенција на болести на САД, објавија денеска американските медиуми.

Овие случаи на ХИВ, откриени кај жени во Ново Мексико, се првите документирани случаи на инфекција со ХИВ за време на козметичка процедура која вклучува употреба на игли, пренесува „Асошиејтед прес“.

Здравствените власти во својот извештај наведоа дека истрагата во клиниката „ВИП Спа“ во Албакерки, спроведена помеѓу 2018 и 2023 година, открила дека вработените во клиниката повеќе пати користеле опрема за еднократна употреба, пренесувајќи го вирусот на клиентите преку контаминирана крв.

„Вампирскиот“ третман за лице, формално познат како микронски третман со тромбоцити, е козметичка процедура наменет за обновување на кожата, правејќи ја да изгледа помлада и да ги намали лузните од акните, како и брчките.

Откако ќе се земе крвта на клиентот, тромбоцитите се машински одвоени, а плазмата на тромбоцитите потоа се инјектира во лицето на клиентот со помош на стерилни игли за еднократна употреба или за повеќекратна употреба.

„Вампирските“ козметички третмани станаа популарни во изминатите неколку години откако познати личности, како Ким Кардашијан, почнаа да ги промовираат придобивките од нив.

Сепак, здравствените работници предупредуваат дека преносот на ХИВ преку нестерилни инјекции се препознава како ризик од козметички третмани и други слични интервенции.

Здравствените власти предупредуваат дека спа-центрите кои нудат услуги со козметичко инјектирање треба да практикуваат соодветни мерки за контрола на инфекцијата и да одржуваат евиденција на клиентите за да се спречи преносот на патогени кои се пренесуваат преку крв, како што е ХИВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот