Свет

Италија: „Фереро“ оствари раст на приходите од 20,7%

26 фев 2024

Приходите на италијанската компанија „Фереро“ во 2023 година пораснале на 17 милијарди евра или  за 20,7%.

Задоволство ни е што можеме да ве известиме за периодот на силен раст во периодот на економски и геополитички предизвици и континуиран инфлаторен притисок во целиот свет, изјавил Даниел Мартинез Карето, финансиски директор на компанијата.

Овој раст, компанијата го припишува на органскиот раст и аквизициите кои ги спровел во фискалната 2023 година.

Во текот на минатата година, компанијата ги купила „Вест Ентерпрајсес“ и нивнте брендови Blue Bunny и Halo Top во САД и производителот на замрзнати пекарски производи „Фрисисистем“ во Италија.

 Од компанијата додават дека минатата година инвестирале 811 милиони евра во ширењето на своите производни капацитети, од кои најголема сума била издвоена за инвестицијата за нова опрема во Италија, Германија, Шпанија и САД.

 

  

 

 

Извор: esmmagazine



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...