Рубрика: Психологија
Дали учениците учат повеќе (или помалку) ако добијат ниски оценки на училиште?
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 26.06.2023 - 12:30

Според една студија, промена во критериумот според кој се даваат оценките во училиште би можелa да им помогне на учениците да работат повеќе. Еве како...

Матурските испити за грото од учениците завршија. Додека траат уписите за средните училишта и факултетите, еве едно прашање на кое вреди да се размисли: дали учениците и студентите би се труделе и би научиле повеќе на училиште ако наставниците ставаат оценки на оние што не учат или ако само ги охрабруваат оние што учат? За ова прашање се дебатира до тој степен што има училишта каде не се стдаваат оценки, но во суштина прашањето е толку комплексно што во многу зависи од психологијата на индивидуалниот ученик.

Во еден експеримент, група деца добивале џамлија секој пат кога точно одговарале на некое прашање; на другата група ѝ дале тегла полна со џамлии, од која – кога и да згрешеле – отстранувале по една џемлија. Ефектот бил тој што децата побрзо учеле кога биле соочени со можноста да изгуват џамлии поради погрешен одговор, наместо да се мотивираат да ги добијат. Слични се и резултатите од студијата објавена во списанието Cognition, во која се споредуваат перформансите на 88 студенти.

За секој погрешен одговор биле „одземани“ 25 центи и за секој точен одговор на тестот на студентите им биле доделувани по 25 центи. Повторно, „казната“ (во овој случај теоретска економска загуба) била трипати поефикасна за зголемување на вниманието отколку наградата.

Според авторите на експериментот, Јан Кубанек, истражувач во областа на невробиологијата при Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вашингтон и Ричард А. Абрамс, професор по психологија, ова укаќува дека би било неопходно да се променат критериумите според кои се даваат оценките. Имено, наместо да се почнува од нула и оценуцањето да се подига според вложениот труд и знаење, подобро би било наставниците да почнат со фиксна оценка и да одземат поени за секој погрешен одговор на ученикот. Сепак, секое одбивање треба да биде мало, објаснува Кубанек, бидејќи имаме тенденција да реагираме на ист начин на каква било јачина на казната. Накратко, вишокот строгост би бил бескорисен.

Клучни зборови: