Единство на Шолц и Макрон: Целта е да ја одржиме Европа силна

epa10360660 A European flag flies in front of the European Commission headquarters in Brussels, Belgium

Мерките за економски посилна и побезбедна Европа на претседателот на Франција се суштински  – германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека ги поддржуваи  дека заедничката цел на Франција и Германија е да ја одржат Европа силна.

„Заедничката цел на Франција и Германија е да ја одржат Европа силна“, рече Шолц денеска по говорот на Макрон. „Вашиот говор содржи добри идеи за тоа како можеме да го постигнеме тоа“, додаде Шолц во објавата на социјалната мрежа X.

Макрон предупреди дека Европа сега се соочува со големи ризици и „пресвртница“ во следната деценија.

Тој повика на одбранбена стратегија на Европската унија со заедничка индустрија за оружје и забрзано вооружување финансирано од фондовите на ЕУ за да се справи со заканата што ја претставува Русија, пренесе МИА.

Макрон, исто така, рече дека трговската политика треба да се ревидира со оглед на индустриската политика и субвенциите од Кина и САД за нивните национални индустрии.

„Заедно ќе ја придвижиме ЕУ напред: политички и економски“, рече Шолц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот