ВИДЕО: Дончиќ ја презеде лидерската улога, Лејкерси го надиграа Феникс!

По четири последователни порази минатата недела, Лос Анџелес Лејкерс вечерва се врати на победничките патеки. Лејкерси пред своите гледачи го совладаа Феникс Санс со 107-96 и сега се на петтото место во Западната конференција со скор 41-25, додека Феникс е подалеку од плеј-офот и со биланс 31-37 го зазема единаесеттото конференциско место.

Лејкерси повторно играа без Леброн Џејмс, кој поради повреда не игра од дуелот со Бостон Селтикс пред седум дена, но Лука Дончиќ заздрави и откако го пропушти натпреварот против Денвер Нагетс, со голем стил се врати на теренот. Веќе во првата четвртина Словенецот и соиграчите јасно им ставија до знаење на Санси дека вечерва немаат што да бараат во Лос Анџелес. Домашните го добија тој дел од играта со 31-15 и рутински го одржуваа водството до крајот, предводени од маестралниот Словенец.

Дончиќ постигна 33 поени, заедно со 11 скока и 8 асистенции за околу 40 минути игра, а одличен беше и Ривс со 28 поени и шест асистенции. Кај гостите Кевин Дурент запиша 21 поен и 9 скока, а Букер крај своето име имаше 19 поени и 11 асистенции.