ВИДЕО | Втор ден од подвигот на Никола Роквиќ: Српскиот пејач се огласи од патот кон Грција

Никола Роквиќ / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Српскиот пејач Никола Роквиќ тргна пеш кон Грција и треба да помине 1.150 километри, а сето тоа поради хуманитарната мисија што ја има. Пејачот треба да стигне до манастирот Свети Нектариј Егински, а по пат ќе собира средства за помош на  многу семејства, но најважно на болните деца.

Пејачот вчера тргна од храмот Свети Сава, а на својот Инстаграм редовно ги известува своите следбеници за патувањето. Роквиќ се огласи на вториот ден од подвигот и раскажа каква е ситуацијата по пат.

„Има силен ветер, но не е страшно, бидејќи нема дожд“, рекол Никола во краткото видео кое го сподели на социјалната мрежа Инстаграм, а потоа повторно се огласи.

„Велам: ‘Добро е, не врне’. Луѓето убаво кажуваат: ‘Ќути, не зборувај’. Нека врне, сè е во ред. Само да бидам среќен. На здравје, луѓе“, додал пејачот.

Инаку, тој и неговата сопруга Бојана основаа фондација која ќе им помага на најзагрозените.

„Ве информираме дека јас и Никола ја основавме фондацијата „Семејство“ која ќе се занимава со зачувување на традиционалните вредности и семејството како институција и како свето место. Фондацијата ќе им помага на семејствата со многу деца, ранливите, талентирани и болни деца. И нашата прва мисија ќе биде помагање на детската онкологија“, изјавила сопругата на пејачот.

Никола Роквиќ пеш тргна кон Грција, мора да помине 1.150 километри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот