Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Сондата Voyager 1, која сега се наоѓа во длабоката вселена, испраќа корисни податоци на Земјата по пет месеци поправки, објави американската вселенска агенција НАСА.

Voyager 1 и Voyager 2 се единствените вештачки летала што стигнале до меѓуѕвездениот простор. Voyager 1 не можеше да испрати корисни информации за својот статус и научната мисија од 14 ноември, но по долги и софистицирани напори, инженерите на НАСА успеаја да ја поправат сондата и да ги добијат нејзините ажурирања за статусот на Voyager 1 што може да се дешифрираат.

Сепак, извештаите од научните податоци сè уште не се читливи и инженерите на НАСА работат на тоа.

Научниците од Jet Propulsion Laboratory на НАСА во Калифорнија потврдија дека проблемот е во еден од трите компјутери на Voyager наречен Подсистем за податоци за летот или FDS, кој е одговорен за пакување на научни и инженерски податоци пред да ги испрати на Земјата.

Откриле дека еден чип во FDS не функционира, и за да го решат проблемот, работеле на префрлање на кодот содржан три други локации во рамките на FDS. Тоа е комплициран маневар кој вклучува низа софистицирани промени потребни за да се осигура дека различните компоненти сè уште можат да функционираат заедно.

URL

Бидејќи Voyager 1 е најоддалечениот објект направен од човек во вселената и се наоѓа на повеќе од 24 милијарди километри од нашата планета, требаше да се чека речиси 24 часа за да се заврши секој чекор од модификациите. Но, минатиот викенд НАСА потврди дека промените се успешно завршени и дека сондата повторно испраќа читливи инженерски податоци.

Во меѓувреме сондата Voyager 2 продолжува да работи нормално.

Voyager 1 и Voyager 2 беа лансирани во 1977 година и сè уште се најоддалечените вселенски летала во историјата на човештвото. Пред да влезат во меѓуѕвездениот простор, и двете сонди прелетаа покрај Сатурн и Јупитер, додека Voyager 2 ги посети и Уран и Нептун.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе