Центарфорот Сантијаго Хименез слета во Милано во саботата навечер за да го комплетира трансферот во Милан.
Мексиканскиот фудбалер доаѓа од Феенорд како замена за Алваро Мората.
Според Фабрицио Романо, зделката е вредна вкупно над 35 милиони евра со бонуси, при што сегашниот клуб на играчот добива процент од идните продажби. Клучна улога имаше и самиот Хименез, кој инсистираше на трансфер.
Пред аеродромот Линато, напаѓачот беше пречекан од навивачите на „росонерите“.
Подоцна пред хотелот го чекаа навивачи.
-Го избрав Милан бидејќи е голем клуб, изјави Хименез.
Сепак, нема опција напаѓачот да учествува на дербито со Интер во недела.