Босанската дијаспора лани пратила 203 милиони КМ повеќе од 2022 година
Централната банка на Босна и Херцеговина објави податоци за тековните трансфери во текот на изминатата година.
Како што соопштија, вкупните тековни трансфери во 2023 година изнесуваат 5,26 милијарди конвертиобилни марки, што е за 307 милиони КМ повеќе од 2022 година. Од вкупниот износ на тековни трансфери, 3,79 милијарди КМ се поврзани со дознаки од странство, односно лични трансфери, што е за 203 милиони КМ повеќе во однос на претходната година.
Останатите тековни трансфери изнесуваат 1,48 милијарди КМ, од кои најголемиот дел, во износ од 1,36 милијарди КМ, се однесуваат на пензии од странство, соопшти Централната банка, инфопрмира Кликс.ба.