18 Мај, 2024
0.0292

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

Објавено во: Македонија 25 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Медиумите од регионот, па и грчките пишуваат за изборите кои вчера се одржаа во Македонија. 

На победата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, во првиот круг и на големата предност што ја доби во однос на актуелниот претседател Стево Пендаровски, акцентот го ставаат грчките медиуми во текстовите за првиот круг од претседателските избори, јави дописничката на МИА од Атина. „Северна Македонија: Чиста победа на кандидатката на ВМРО во првиот круг од претседателските избори“; „Северна Македонија: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од претседателските избори“; „Северна Македонија: Големо водство на Силјановска на претседателските избори“; „Претседателски избори во Северна Македонија: Чиста победа на кандидатката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг“; „Големо водство на кандидатката на ВМРО за претседател во Северна Македонија“; „С. Македонија: Победа на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од претседателските избори“, се дел од насловите во онлајн изданијата на медиумите во Грција. АНА-МПА, ги пренесува и резултатите од изборите и изјавите на Силјановска и Пендаровски по изборите, како и на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

„Политичките аналитичари во Скопје коментираат дека главниот елемент на првиот круг од претседателските избори е обемот на победата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска, што ги надмина и најоптимистичките прогнози на самата опозициска партија и е речиси невозможно да се промени во вториот круг. Исто така, оценуваат дека резултатот од изборите испраќа порака на „незадоволство“ до владејачката Социјалдемократска партија, која по заминувањето на Зоран Заев од раководството ја губи силата. На парламентарните избори на 8 мај, СДСМ е во опасност да претрпи голем пораз, додаваат тие“, пишува грчката новинска агенција.

На 8 мај е вториот круг од изборите. 

Можеби ќе ве интересира

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци