ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.11.2023
Студентите од Штип организираат крводарителска акција

На 9 и 10 ноември (четврток и петок) во просториите на Кампус 2 , во бифето, ќе се одржи голема крводарителска акција иницирана од студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

Истата ќе трае од 10:00 до 15:00 часот. Акцијата е во соработка со Регионалниот центар за трансфузиона медицина и Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип, а е поддржана и од сите студентски организации при УГД, како Универзитетското студентско собрание, Факултетските студентски собранија, медицинската организација СОМА и иницијативата Еразмус плус УГД.

Оваа крводарителска акција има за цел да ја покаже обединетоста и хуманоста на студентите при УГД. Иницијативата потекнала од група на студенти уште пред еден месец, а наредната недела ќе биде и реализирана.

Студентите на УГД помогнаа на свој колега

Засега за крводарителската акција има пријавено околу 45 студенти од различни факултети. Првенствено , најмногу има од Факултетот за медицински науки, потоа Економски, Филолошки  и Правен факултет. Студентите се надеваат дека оваа идеја, ќе прерасне во традиција и ваквите акции ќе се одржуваат редовно на УГД.

Измамнички СМС пораки со наводна парична помош од владата на Македонија
МОН: Неделава ќе има резултати од конкурсите за стипендии за магистерски и докторски студии