ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите

Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР денеска ќе ги соопштат првичните согледувања од мониторингот на првиот круг претседателски избори во земјава.

Шефицата на мисијата Џилијан Стирк, вчера изјави дека по посетата на неколку избирачки места, оценката е дека почетокот бил добар, но целосна проценка за тоа како се одвивал изборниот процес ќе имаат откако ќе ги соберат податоците од гласачки места низ целата држава.

ОБСЕ ги следи претседателските избори со повеќе од 200 набљудувачи распоредени низ сите региони во државава, како и долгорочни набљудувачи.