Денес во организација на Здружението на граѓани за заштита на жртви од семејно насилство Кризен центар Надеж се оддржа трибина во рамки на кампањата 16 дена активизам против родово базираното насилство.

На трибината се обрати и градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски кој даде поддршка на кампањата.

За настанот градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Во организација на Здружението на граѓани за заштита на жртви од семејно насилство Кризен центар Надеж, денес се оддржа трибина во рамки на кампањата 16 дена активизам против родово базираното насилство.

Како градоначалник на општина Гази Баба имав можност да се обратам пред присутните и да дадам поддршка на кампањата.

За жал и денес имаме бројки кои покажуваат дека сеуште има жени кои се жртви на семејно или било какво друго насилство.

Најчесто жената жртва молчи за насилството од различни стереотипи кои се присутни во нашето општество. Но жртвата ќе престане да биде жртва, тогаш кога нема да молчи и ќе пријави.

Остануваме со надеж дека идната година ќе можеме да зборуваме за намалување на бројот на жртви, но да зборуваме и за проекти кои ќе овозможат родова еднаквост во општеството помеѓу жените и мажите.

Општина Гази Баба е пример за родова еднаквост, бидејќи две од трите носители на функции во општината, претседателот на Советот и секретарот се жени. - напиша Стефковски.


Администратор
29/11/2022 14:42