Судот донел одлука дека Ковачки неправедно ја клеветел Славјанка Петровска

Граѓанскиот суд пресудил во корист на министерката за одбрана Славјанка Петровска во парничната постапка против пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, кого таа го тужеше за навреда и клевета.

Судот утврдил граѓанска одговорност од пратеникот Драган Ковачки и донел пресуда според која тој искажал невистини и лаги против Петровска. Одлуката на судот денеска на својот фејсбук-профил ја објави министерката Петровска велејќи дека го исполниле ветувањето за транспарентност од почеток до крај на процесот.

Судската одлука доаѓа откако министерката за одбрана Славјанка Петровска минатата година во ноември поднесе тужба за навреда и клевета против пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки по неговите наводи дека таа поседува луксузна хациенда со базен во скопската населба Радишани и која министерката за одбрана ја крие од јавноста.