Нова книга за првите дами на САД: Добриот секс е тајната за долгиот и среќен брак на Џо и Џил Бајден

Фото: JIM WATSON / AFP / Profimedia

Американскиот претседател Џо Бајден на шега им порачал на своите колеги дека клучот за долг и среќен брак е добриот секс, за што, меѓу другото, се зборува и во новата книга за американските први дами, пишува „Ројтерс“.

„Американска жена: трансформацијата на модерната прва дама – од Хилари Клинтон до Џил Бајден“ е книга на дописничката на „Њујорк тајмс“ од Белата куќа, Кејти Роџерс. Во делото, кое беше објавено неделава, сегментот за сексуалниот живот на Бајден сочинува само неколку параграфи, но веќе ги поттикна медиумите да пишуваат интересни наслови.

Роџерс пишува дека Бајден одлучил да не се кандидира за претседател во 2004 година, а одлуката им ја соопштил на соработниците откако Џил Бајден влегла во собата, облечена во кратка маичка и со пораката „НЕ“ исцртана на нејзиниот стомак.

Џил и Џо Бајден / Фото: DAVID MCNEW / Getty images / Profimedia

Бајден, кој денес има 81 година, им кажа на група поддржувачи во тоа време дека не е премногу заинтересиран да се кандидира за претседател.

„Попрво би останал дома и би водел љубов со сопругата додека моите деца спијат“, рече тој.

Неговиот портпарол само го отфрли коментарот на неговиот шеф, откривајќи дека тогашниот сенатор Бајден бил „искрено и целосно вљубен во својата сопруга“, пишува Роџерс во својата книга.

Во книгата се зборува и за страдањата низ кои поминал сегашниот американски претседател кога неговата прва сопруга Неилија и ќерката Наоми загинале во сообраќајна несреќа во 1972 година. Тој се оженил со Џил во 1977 година, но Роџерс пишува дека морал да ја запроси петпати пред таа да се согласи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот