Свет

Индија: Потпишани трговски договори со четири европски држави

12 мар 2024

Индиската влада потпиша трговски договори со Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Швајцарија, најавувајќи повеќе од 100 милијарди долари инвестиции и потенцијално отворање на милион нови работни места во Индија во следните 15 години, соопштија официјални лица.

На потпишувањето на договорот во Њу Делхи присуствуваа индискиот министер за трговија и индустрија, Пијуш Гојал, и министрите за надворешни работи на Исланд и Лихтенштајн, Бјарни Бенедиксон и Доминик Хаслер, како и министрите за трговија на Швајцарија и Норвешка. , Гај Пaрмелин и Јан Кристијан Весте, пренесува „Бета“.

Земјите од ЕФТА добиваат пристап до растечки и голем пазар. Нашите компании се стремат да ги прошират своите синџири на снабдување за да ги направат поотпорни. Индија, пак, ќе привлече повеќе странски инвестиции од ЕФТА, со што на крајот ќе се зголеми бројот на  работни места, изјави Пармелин, зборувајќи во име на земјите-членки на ЕФТА.

 Договорот вклучува трговија со стоки и услуги, промоција и соработка на инвестиции, интелектуална сопственост, државни набавки, трговија и одржлив развој, како и решавање спорови кои ќе им овозможат на индиските извозници пристап до европските и светските пазари.

Според одредбите на договорот, Индија, од своја страна, се обврза значително да ги намали увозните давачки за индустриски производи од четирите европски земји кои ја сочинуваат Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА).

Во владиното соопштение се вели дека овој договор меѓу Индија и ЕФТА носи значителни економски придобивки, како што се подобри интегрирани и поотпорни синџири на снабдување, нови можности за бизнисите и поединците, што ќе доведе до зголемени трговски и инвестициски текови, отворање работни места и економски раст.

Министерот Гојал рече дека ова е првпат Индија да потпише договор со важен економски блок во Европа. Индија исто така работи на трговски договор со Британија и Европската унија.

  Извор: „Бета“

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...