Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Група јапонски компании ги здружија силите за да го произведат првиот брод што користи биомаса како гориво, како и технологија за нејзино напојување. На овој начин се прави обид да се поддржи иницијативата за одржлив транспорт.

Јапонските бродски фирми NYK Line, NYK Bulk & Projects Carriers и Tsuneishi Shipbuilding се здружија со британската компанија за обновлива енергија Drax Group на проект кој има за цел да развие биоброд до крајот на деценијата. Како дел од договорот ќе се проучува како да се создаде нова транспортна технологија, погон што ќе користи биомаса како гориво. Исто така, ќе се истражат начините за намалување на трошоците за гориво и емисиите поврзани со транспортот на биомаса со користење на дополнителна технологија за обновливи извори на енергија.

Овој договор следи по промената на парадигмата во Јапонија кон „позелени“ извори на енергија. Јапонија преминува од производство на електрична енергија од фосилни горива кон извори со ниска содржина на јаглерод и обновливи извори, а потребата на земјата за пелети од биомаса, главно направени од остатоци од пиланите и шумарството, расте. Пелетите се добиваат главно од Северна Америка.

Drax произведува пелети од биомаса во Канада и јужниот дел на САД и долго време ги испраќа во Јапонија преку NBP. Според компанијата, клучен чекор кон постигнување нето нула е употребата на биомаса, која е опција за обновлива енергија со низок јаглерод од одржливи извори.

Одржливата биомаса може многу да помогне во одржувањето на здравјето на шумите. Добро управуваните шуми можат ефикасно да го заробат и складираат атмосферскиот CO₂. Drax има за цел да биде јаглерод негативен до 2030 година, а декарбонизацијата на синџирот на снабдување е клучна за постигнување на таа цел. Помалите булкери или носачи на рефус, кои моментално ги транспортираат овие пелети низ светот, имаат ограничени резервоари за гориво, што им отежнува да се префрлат на горива со помали емисии, како што е амонијак. Споменатата соработка има за цел да развие нова технологија на бродски транспорт, постројка на бродот за биомаса што ќе го напојува.

Постројкате за биомаса би користела гасификатор за согорување на биомаса на високи температури, произведувајќи гасови како јаглерод моноксид, водород и метан. Овие гасови потоа би се користеле за напојување на генератор, кој би го напојувал биобродот и би задоволувал некои внатрешни енергетски потреби.

Компаниите тврдат дека инсталирањето на капацитет за гориво од биомаса може да ги намали емисиите на јаглерод од биобродовите за 22% во споредба со користењето фосилни горива. По проучувањето на постројката за гориво од биомаса и системот за гасификатори, компаниите одлучија да продолжат со физибилити студија за развој на првиот брод со супер ниска емисија, кој ќе користи пелети.

Доколку овој проект биде успешен, бродот ќе биде изграден до крајот на 2029 година.

реклама

Трите најголеми партии и натаму имаат убедливо мнозинство во ЕП

Read more

Германија направи план како да го трансфомира секојдевниот живот во случај на војна

Read more

Список на казни во Грција: Возење под дејство на алкохол – 1.200 евра, поминување на црвено – 700 евра

Read more

Бостон направи нов чекор кон титулата, ниту феноменалната игра на Дончиќ не му помогна на Далас

Read more

Вести

Руски космонаут стана првиот човек кој поминал 1.000 дена во вселената

Read more

Starliner на Boeing конечно успешно лансиран, екипажот отпатува до МВС

Read more

Интересни факти за водата - 10 научни вистини

Read more

Невиден подвиг: Кина зеде примероци од темната страна на Месечината

Read more
 

Гик

Apple ќе развие посебна апликација Passwords за iPhone и Mac

Читај повеќе

Кинезите развија 3D е-кожа која на роботите им дава чувство на допир како човек

Читај повеќе

Руски космонаут стана првиот човек кој поминал 1.000 дена во вселената

Читај повеќе
  • play_arrow

Starliner на Boeing конечно успешно лансиран, екипажот отпатува до МВС

Читај повеќе

Дали го оставате полначот во штекер дури и кога не го полните телефонот?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Интересни факти за водата - 10 научни вистини

Читај повеќе

X официјално дозволува XXX содржина

Читај повеќе
  • play_arrow

Невиден подвиг: Кина зеде примероци од темната страна на Месечината

Читај повеќе

Откриени габи кои јадат пластика на „островот од ѓубре“

Читај повеќе