ДУИ до ВМРО-ДПМНЕ: Не уценуваме, но оградете се од путинова Русија

Демократската унија за интеграција смета дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува еднаквоста во општеството да ја доживува како уцена. ВМРО-ДПМНЕ за жал ги отфрла прогресивните идеи поради заробеноста во конзервативниот ум на замислената етничка доминација во заедничката држава.

„Бараме од ВМРО-ДПМНЕ да се надмине себеси и да прифати еднаквост во општеството и истовремено бараме ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни против Русија, за Европа, како и да се огради, „од поетските про-путинистички ставови на нивната некогаш поразена русконосталгична кандидатка Гордана Давкова“.

„ДУИ смета дека граѓаните на нашата земја се убедени во прогресивните идеи на Али Ахмети и неговиот придонес за стабилноста на државата и нејзино евроамериканска постројување. Тоа ќе го докажат и на 24 април и на 8 мај.

Затоа е потребно, сите гласови да се концентрираат за д-р Бујар Османи за да се овозможи измена на Уставот и за изборот на претседател и за уставните амандмани, кои произлегуваат од Договорот за добрососедство со што одлучно ќе се придвижиме кон ЕУ.

Со ова ѝ помагаме на државата, граѓаните, но и на ВМРО и СДСМ затоа што изнајдовме начин за да се постигне се во едно.