Авторот на популарната книга „Пријателски разговори на детски психијатар со родители и воспитувачи“, професор д-р Светомир Бојанин, на родителите им го порачува следново:

– Ако барате книга на полиците на книжарниците во која ќе најдете готови рецепти за воспитување деца кои „гарантираат“ дека децата ќе станат луѓе, и ако буквално ги следите тие упатства, напорите ви се залудни. Воспитанието не е наука со грст формули слични на оние што постојат во медицината или фармацијата, нема рецепт, бидејќи детето не се воспитува со зборови, туку со дела.

Колку време треба родителите да поминуваат со своите деца?

Ова е вечно прашање на кое професорот Бојанин го дава следниот одговор:

– На децата им е доволно да играте со нив половина час, но она што тие го сакаат, а доволно е и да им помогнете во домашните задачи. Не за да ги карате, туку за да ги охрабрите. Да разговарате со нив. На пример, ако постои проблем, кажете им: – Сега доби единица, но утре ќе биде подобро.

Доволно е тоа што имате годишни одмори, па со нив ќе пливате, ќе шетате. Доволно е да ги сакате, тие да чувствуваат дека ги сакате. Да ги галите кога ќе поминете покрај нив, а не да бидете како што ми раскажува еден мал Саше. Тој ми вели: „Доаѓам дома, а мама и тато седат на своите бироа и пишуваат. Ме прашуваат како си поминав на училиште. Им велам дека си поминав добро. Тие продолжуваат да пишуваат и јас одам во мојата соба. И тоа е сѐ што знам за моите мајка и татко“.

Саша имаше 15 години кога ми го кажа тоа. Според тоа, нема потреба да се прави драма околу тоа дали се има или се нема време. Не треба да се расправаме околу тоа.

Денес, книжарниците се преполни со книги за родители, училиштата за родители се рекламираат во јавноста, а „лајф-тренерите“ нѐ учат како да живееме. По речиси седум децении занимавање со науката за детската душа, професорот Бојанин го нагласува парадоксот на модерното време – никогаш немало повеќе „какопедии“ и учебници за популарна психологија, а родителите никогаш не биле позбунети околу тоа како да ги подигнат своите децата. Во разоткривањето на оваа „загатка“, професорот Бојанин ја нуди споредбата со бршлен: – Ако нема стабилно дрво околу кое ткае, бршленот ќе се плете околу тоа што сам ќе го избере.

Така е и со децата, продолжува професорот и се присетува на неговиот професор д-р Војин Матиќ, кој велел: – Ако помеѓу играта со дедо и цртан филм детето избере да гледа цртан филм, тогаш битката е изгубена“. Денеска на вестите слушнав дека тинејџерка завршила во итна помош откако играла видеоигри четири ноќи и имала епилептични напади. Ако ние како родители не сме интересни за децата, тие ќе најдат други идоли. Проблемот е што престанавме да бидеме нивни примери. Им даваме видеоигри и мобилни телефони пред да зборуваат наместо да си играме со нив, а потоа се прашуваме што се случува.

Сè повеќе деца не зборуваат затоа што немаат каде да слушнат говор и со кого да разговараат. Тие деца седат по цел ден пред екранот, па затоа се нарекуваат екранизирани деца. На овие деца мора да им се помогне првенствено преку родителско советување, како и преку програма за стимулација на говор, терапија со игри и терапија со движење.

Извор



912

X