Колера на крузер со 2.000 патници- сите се во карантин

26.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Колера на крузер со 2.000 патници- сите се во карантин

Бродот долг 294 метри, кој плови под знамето на Бахамите, е запрен во близина на Маурициус, а на патниците не им е дозволено да го напуштат пловилото. Имено, властите на островот одбиле да примат туристи бидејќи непознат број од нив имаат дијареа, а не се сигурни дали се заразиле со норовирус или колера, пишува Hamburger Abendblatt повикувајќи се на „Le Mauricien“.

Во моментов во тек е прегледот на болните, а вработени во здравствените служби во Маурициус се качиле на бродот и земале примероци од 15 патници за да ја утврдат причината за болеста.

Колерата е многу заразна, акутна гастроинтестинална инфекција предизвикана од бактеријата колера и може да биде поврзана со тешка дијареа и повраќање и последователна тешка загуба на течности.

Првите резултати од тестот се очекуваат утре, а дотогаш на патниците не им е дозволено да го напуштат бродот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата