Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

На стадионот „Цементарница“ во скопска Кисела Вода не е потребно косење на тревата оти редовно ја пасат зајци - дури и кога се играат натпревари.

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Во саботата имаше богата фудбалска програма на стадионот „Цементарница“. Прво од 14 часот се играше дерби за првото место во втората женска лига и пласман во прва лига меѓу скопски Вардар и битолски Атлетико. Потоа на сцена стапија фудбалерите на Кул и Слободен во рамки на општинската лига на Кисела Вода.

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Додека се играа овие натпревари, зад едниот гол локалните зајци лакомо ја јадеа зелената трева. Се гоштеваа без страв од фудбалерките и фудбалерите кои на само неколку метри од нив ја шутираа топката, која за среќа не погоди ниту едно животно.

Remote video URL

Како што дознавме, тие всушност живеат во самиот стадион, имаат живеалиште до соблекувалните. 

Инаку, Атлетико со 2:1 го победи Вардар и го завери првото место и пласман во најдобрата македонска лига за жени. Мелиса Милица Димитриоска во 27. минута донесе водство за гостите, но набрзо, во 34. минута израмни Миа Головска. Само што почна вториот дел, во 49-тата, Мила Талевска го постигна голот вреден победа за Атлетико. Битолчанките сезонава завршија со максимален ефект од 14 победи во исто толку натпревари, односно 44 бодови, додека Вардар остана на 36.

По нив, од 16 часот, Кул со минимални 1:0 го совлада Слободен во борбата за второто место на 4.МФЛ Кисела Вода. Одлучувачкиот момент се случи во 47. минута кога Стефан Здравески мајсторски од слободен удар ја затресе мрежата.

(голот е на 1:19:20)

Remote video URL
реклама

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Читај повеќе
  • play_arrow

Што значи да сте заглавени во врска?

Читај повеќе

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво

Читај повеќе