Невообичаен и непријатен симптом кој е аларм дека имате висок кортизол, хормонот на стресот

Точка

11/04/2024

13:47

5.034

Големина на фонт

а а а

Еден симптом особено говори за зголемен кортизол, хормонот на стрес во телото, а на прв поглед не се поврзува со него.

Хормонот на стрес, кортизолот е многу важен хормон во телото бидејќи регулира како организмот реагира на стресни ситуации. Затоа е познат како хормон на стресот, а кога е надвор од рамнотежа, можни се многу несакани последици. Еден од нив е сосема неочекуван и непријатен – влакна на брада кај жените.


Имено, кога станува збор за хормонален дисбаланс, Кушинговиот синдром можеби не е толку чест како синдромот на полицистичните јајници, но жените имаат три пати поголема веројатност да го развијат. И тоа е синдром кој предизвикува високи нивоа на хормонот кортизол.

Симптомите најчесто се влакненцата на лицето, т.е. на брадата, но можни знаци се и зголемувањето на телесната тежина, стрии, модринки кои лесно излегуваат на кожата, слабост на мускулите или коските.


Може да се појави како несакан ефект од земање одредени лекови или поретко поради тумори, но и од други причини.


Во секој случај, исклучително важно е да се консултирате со специјалист доколку се сомневате на некој проблем со хормоните или генерално имате некои тешкотии, бидејќи колку побрзо ја добиете вистинската дијагноза и третман, толку побрзо ќе го решите проблемот и ќе спречите компликации.




Спонзорирани линкови

Маркетинг