ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СИТЕ МОРА ДА ИМАМЕ МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА ПРИПАДНОСТ: Каракамишева вели националната припадност не смее да се брише!

Објавено во: Македонија 28 Декември, 2023 06:10
Професорката Тања Каракамишева, со критики за тоа што во земјава се нема основно познавање за многу работи.
„ Во државата се нема основно познавање за многу работи.
Загрижувачко е колку надлежни институции, високи функционери, судии, правници не знаат основни правно-политички поими и со тоа свое незнаење свесно или несвесно го девалвираат системот, ги бунат граѓаните, прават смут во државата!
Жално е колку незнаењето има метастазирано во сите пори.
Уставниот суд наместо да делува едукативно и да ги подучи граѓаните дека е погрешно да се толкува НАЦИОНАЛНА ПРИПАДНОСТ како ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ, да им објасни и на политичарите дека националната припадност е припадност на нацијата што е еквивалент на државата, тој одлучи да влезе во материјална расправа и да поништи графа на национална припадност како неуставна?!
Наместо да ги исправи политичарите и институциите што погрешно ја толкуваат националната припадност, тие земале ја бришат?!?
Во Република Македонија сите мора да имаме МАКЕДОНСКА национална припадност!
Во графите на сите изводи мора да стои македонска национална припадност!
Тоа не смее да се брише!
Етничката припадност се запишува во посебна графа и таа припадност е нешто сосема друго!
Просто е!
Не е квантна физика ама некому како да му одговара оваа циркузијада!“, напиша таа на фејсбук.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски тврди дека не ги убил Вања и Панче и дека немал мотив за тоа
МИЦКОСКИ ОД ОАЕ: Го поканив претседателот да ја посети Македонија, а бизнис-заедницата да ги согледа можностите за инвестирање

(ВИДЕО) МЕРКО СЛАВИ РОДЕНДЕН: Наполни 68 години и објави каков подарок доби

(ВИДЕО) УШТЕ ЕДНО МОМЧЕ РАСКАЖА ШТО ПРЕЖИВЕАЛО ВО КОЧАНИ: Температурата внатре беше како во фурна

ШЕЕСЕТИНА ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ СЕ НА БОЛНИЧКО ЛЕКУВАЊЕ: Колку пациенти се во критична состојба?

МУЦУНСКИ: Крајно време е Македонија да ги почне преговорите со ЕУ

ПАЛЕВСКИ ТВРДИ ДЕКА ВО ТУРЦИЈА БИЛ ПОРАДИ ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ: Сакал да оди и во воен архив поради Гоце Делчев

БУГАРСКИ МИНИСТЕР: Уставните измени и впишувањето на Бугарите во Уставот како државотворен народ не е единствениот услов
