Приведен 49 годишен жител на Конче кој е осомничен за злоупотреба на малолетничка

Апсење / Фото: МИА

Четириесет и деветгодишен жител на општина Конче е приведен под сомнение дека во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка, стои во9 билтенот на МВР.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека 49-годишниот Ј.К. се сомничи дека вршел обљуба врз малолетничката од почетокот на 2022 година до ноември 2023 година.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица, а по документирање на случајот и поднесување на соодветна пријава, во текот на денот Ј.К. ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд во Струмица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот