ЛЕГЕНДАТА НА „ПИНК ФЛОЈД“, ДЕЈВИД ГИЛМОР, ГО НАЈАВИ ПРВИОТ СОЛО АЛБУМ ПО ДЕВЕТ ГОДИНИ

Лондон, (Гардијан)

Некогашниот фронтмен на „Пинк флојд“, Дејвид Гилмор, кој често истакнува дека е среќно пензиониран, го најави својот нов соло албум, прв по девет години пауза. Насловен „Luck and Strange“, тој ќе биде достапен за слушање од 6 септември.

Како најава на албумот, Гилмор вчера ја објави песната „The Piper’s Call“.

Петтиот соло албум на Гилмор ќе содржи девет песни, од кои една ќе биде обработка. Гилмор го снимал албумот за период од пет месеци во Брајтон и Лондон. Како и на претходните негови албуми, текстовите во најголем дел се напишани од сопругата на Гилмор, Поли Самсон.