2 ГОЛА И 2 АСИСТЕНЦИИ

Меси повторно растура!

Аргентинскиот волшебник Лионел Меси повторно игра во врвна форма, а синоќа во МЛС против Њу Ингланд постигна два гола и забележа две асистенции.

Интер Мајами гостуваше во Њу Ингланд, а губеше од 1. минута кога Томас Чанкалај ги доведе домаќините во водство.

Резултатот беше 1:1 на полувремето бидејќи Меси во негов стил ја прими топката дијагонално од десната страна, чекаше да падне голманот и потоа го погоди поблискиот агол.

URL

Во 68. минута Серхио Бускетс и Меси нè вратија десет години наназад со одлична акција каква што направија безброј пати во дресот на каталонскиот гигант Барселона, а Аргентинецот и овојпат рутински ја заврши работата.

URL

Меси својата одлична партија ја заокружи со две асистенции на крајот од мечот. Најпрвин во 83. минута му асистираше на Бенџамин Кремаски за 3:1, а потоа во 89. на Луис Суарес за конечни 4:1.

На овој начин Меси ги продолжи феноменалните настапи во МЛС. Тој пред денешниот натпревар постигна гол и асистираше во последните три дуели.

Најпрвин имаше гол и асистенција против Колорадо и Канзас Сити, додека против Нешвил запиша два гола и една асистенција.

Тагови
реклама

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Фудбал

Баерн очајнички бара тренер

Read more

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Read more

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more
 

Спорт

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Читај повеќе

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Читај повеќе

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Читај повеќе
  • play_arrow

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе