ВИДЕО: Арда Ѓулер му донесе триумф на Реал Мадрид во „Ла Лига“

Арда Ѓулер/фото: EPA-EFE/Javier Etxezarreta

Фудбалерите на Реал Мадрид го победија домашниот Реал Сосиедад со резултат 1:0 во рамките од 33 коло во „Ла Лига“.

Стрелец на победничкиот гол беше големиот турски талент Арда Ѓулер во 29 минута од натпреварот во Сан Себастијан.

За Ѓулер ова е втор погодок сезонава во шпанското првенство во дресот на „кралскиот“ клуб, првиот го имаше минатиот месец во домашната победа над Селта Виго.

Реал Мадрид е прв на табелата со 84 бодови, 14 повеќе и натпревар повеќе од второпласираната Барселона. Реал Сосиедад е шести со 51 бод.

Во следното коло Реал Мадрид ќе го пречека Кадиз, додека Реал Сосиедад ќе биде домаќин на Лас Палмас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот