Оувенс: Ситуцијата на јужната граница е „закана по националната безбедност“ на САД
Шефот на пограничната служба на САД, Џејсон Оувенс, изјави дека ситуацијата на јужната граница на САД е „закана по националната безбедност“, откако во изминатиот период десетици илјади имигранти избегнале задржување и нелегално влегле во земјата.
Во интервју за Си-Би-Ес њуз денеска, тој изјави дека пограничните патроли се на пат во фискална 2024 година (која започна во октомври) да регистрираат еден милион задржувања на имигранти на американско-мексиканската граница.
Додека до крајот на годината се предвидува да бидат регистрирани рекордни два милиони задржувања, и ова се случува трета година по ред.
Според него, во текот на овој период во зоните меѓу пограничните пунктови на јужната граница околу 140. 000 имигранти успеала да влезат во земјата без да бидат задржани.
Сите тие биле забележани од сигурносни камери и сензори. -Зошто тие ризикуваат со животот и поминуваат низ области каде ние не можеме да одиме. Зошто се кријат? Што кријат и што носат со собе.
Која е нивната намера? Од каде доаѓаат? Едноставно не ги знаеме одговорите. Тоа е она што за нас претставува закана за нашите заедници, изјави Оувенс.
Според него, ваквата ситуација е рамно на закана по националната безбедност на САД.
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: Над 603.000 патници на Меѓународниот аеродром Скопје, во првото тримесечје од 2024
-
Во ЗОО Скопје се роди двогрба камила
-
Тешко повреден малолетник во сообраќајка на патот Охрид-Ресен
-
Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите
-
СПМ повикува на масовна излезност на 8 мај, за иднина и стабилност на државата
-
Уапсени и осудени двајца државјани на Македонија за внесување фалсификувани бланко документи во Грција
-
Александар Николовски од УКИМ избран за претседавач на Националното студентско тело
-
Русија: Убиени пет напаѓачи и двајца полицајци во Република Карачај-Черкезија