Портпарол на терористичката „Исламска држава“ го пофали нападот што го изврши во московската концертна сала Крокус

Цвеќиња, играчки и балони пред „Крокус“ во спомен на жртвите на масакрот - Фотографија ЕПА, Максим Шипенков

Портпаролот на терористичката мрежа „Исламска држава“ го пофали нападот во концертната сала во предградието на Москва што се случи на 22 март, во кој загинаа повеќе од 140 луѓе, а над 300 се повредени.

Оваа изјава говорникот ја даде во однапред снимена порака, поставена на каналот на ИД на апликацијата „Телеграм“. Во пораката тој се претставува како Абу Хусајфа ал-Ансари и ги повикува следбениците на ИД да ги напаѓаат „крстоносците“ насекаде, особено во САД, Европа и Израел.

„Го повикуваме Господ да направи да стигнете до Палестина за да можете да се борите таму со Евреите во бескрајна регионална војна“, рече портпаролот на поддржувачите на ИД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот