Рецепт за солен колач на француски начин: Ќе ве одушеви интересниот вкус
Овој солен колач е крцкав однадвор, а сочен однатре. Благодарение на додавањето на колбасите и сирењето, има интересен вкус и одлично оди со вино. А, понекогаш е доволно да се сменат само две-три состојки, и да добиете сосема нов, неочекуван вкус.
Солениот колач ја задржува својата свежина дури 3 дена.
Состојки:
– 3 јајца
– 1/3 шолја масло
– ½ шолја брашно
– 1 пакетче прашок за печиво
– 2/3 шолја млеко
– 100 грама фета-сирење, тврдо
– 100 грама колбаси по личен вкус
– 1 мал морков
– 3 млади кромитчиња
– ½ китка магдонос
– ½ китка босилек
– сол, црн пипер
Подготовка:
Изматете ги јајцата со маслото, додека не се запенат убаво. Додајте ги брашното и прашокот за печиво и со бавно мешање додавајте го и млекото. Потоа додајте го ренданото сирење, убаво сечканите колбаси, морковите исечкани на коцкички, кромидот, магдоносот и босилекот, и зачинете по вкус.
Сипете ја смесата во замастен и набрашнет калап за печење. Одозгора сипете изматена жолчка.
Печете во претходно загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 40 минути.