Универзална изгоре, а политичките партии продолжија меѓусебно да се обвинуваат за пожарот

По вчерашниот пожар во Универзалната сала, политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и утрово продолжија со меѓусебни обвинувања.

Така, од СДСМ, преку соопштение велат дека опозициската партија ја оставила Универзална да се распаѓа, а Скопје е пример за нивните нереализирани ветувања.

Од СДСМ истакнуваат: ДПМНЕ ја остави Универзална сала да се распаѓа, иако беше започнат процесот за реконструкција од страна на претходната локална власт на СДСМ.

Понатаму се додава дека култниот објект и симбол на Скопје, две години ВМРО-ДПМНЕ го оставиле на забот на времето, да пропаѓа и од внатре и од надвор, па дури и предавањето на реконструкцијата на Универзална сала на Министерството за култура им било проблем.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ, пак, обвинува дека експремиерот Димитар Ковачевски и министерката за култура Бисера Костадиновска не кажуваат дали фирмата која што е  ангажирана за извршување на градежните активности е блиска до врвот на нивната партија.

Партијата бара одговор и за тоа какви материјали се вградувани, дали е градено според стандарди.

Пожарот вчера целосно ја зафати покривната конструкција на салата, а МВР објави дека се приведени тројца градежни работници кои во моментот на опожарувањето изведувале градежни работи.

Засега нема официјални информации што го предизвикало пожарот.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Македонија

Левица ќе коалицира со влада која ќе ги прифати црвените линии во одбрана на македонската држава

Read more

Дел од Карпош без струја

Read more

Променливо време, од четврток дожд

Read more

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Read more
 

Вести

Левица ќе коалицира со влада која ќе ги прифати црвените линии во одбрана на македонската држава

Читај повеќе

Дел од Карпош без струја

Читај повеќе

Променливо време, од четврток дожд

Читај повеќе

Зеленски до Американците: Побрзајте!

Читај повеќе

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Читај повеќе

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Читај повеќе
  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе