Повредено е едно лице во сообраќајка што утрово се случи кај кавадаречкото село Дреново. Повредениот е извлечен со помош на пожарникари и со возило на брза помош транспортирано кон кавадаречката болница.

- Во моментов се врши утврдување на повреди, потврди за МИА, доктор Ратко Грков, началник на кавадаречката Итна медицинска помош.

Во сообраќајната несреќа возило излетало од патот и се превртело, информацијата ја потврдија за МИА од Итната медицинска помош, противпожарната служба и СВР Велес.

Екипа на итната медицинска помош Кавадарци беше на лице место, а увид врши и полициска екипа. Од СВР Велес рекоа дека ќе следуваат повеќе детали во текот на денот. Оттаму појаснија дека сообраќајката е на локалниот пат од селото кон регионалниот пат за градот Кавадарци.

- Веднаш по појавата за сообраќајка, заминавме на терен петмина пожарникари со две возила, возило за техничка интервенција и комбе за прва помош, појаснија за МИА од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.


Администратор
25/03/2024 16:57