ВИДЕО: Словачки европратеник пушти гулаб во ЕП, посака мир во Европа, Зелените веднаш го нападнаа

Словачки пратеник во Европскиот парламент пушти бел гулаб и повика на мир/Фото: Скриншот/Х

Сензација во средата во Европскиот парламент предизвика потегот на европратеникот Мирослав Радачовски од Словачка кога извади гулаб од џебот и да го пушти во просторијата.

Во својот говор, словачкиот европратеник, кој ја предводи десничарската Патриотска партија на Словачка, тврдеше дека неговиот потег е направен како повик за светски мир.

„Посакувам целиот свет, меѓу Русите и Украинците, да има мир. Би сакал да го ослободам овој гулаб како симбол на мирот, да симболизирам дека на Европа и треба мир. Овој гулаб нека стане симбол на единството“, рече во својот говор Радачовски.

Потегот на словачкиот европратеник, сепак, предизвика реакција кај неговата француска колешка од Зелените, Каролин Руж, обвинувајќи го Радачовски дека користел живо животно против правилата на Европскиот парламент.

„Што ќе направите за да го вратите овој живот, господине? Каде е заштитата на животните во ова движење? Тоа е целосно неприфатлив потег“, рече француската европратеничка додека друг пратеник во Европскиот парламент иронично го прашува Радачовски „сега можеш ли да го фатиш?“.

„Се надеваме дека животното ќе биде добро“, рече потпретседателот на Европскиот парламент Жан-Кристоф Отиен, кој најави дека за инцидентот ќе биде известена претседателката на телото, Роберта Мецола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот