Хактан за ТВ 24: Влада без Левица нема да биде добро за државата

Реџеп Исмаил Хактан од Левица во емисијата 24 Отворено рече дека во нивната програма каде се вели дека нема влада без Левица и ако се случи Левица да не се факторизира како носители на одговорност, тоа нема да биде добро за државата.

- Ние сме единствени кои нудат различна понуда, сите овие партии кои претендираат на власт и онаа партија која моментално паѓа како кула од карти, сите имаат иста понуда, а тоа е една излитена визија на ЕУ и фундаментализам, НАТО, Бугари во устав. Разликата е како тоа ќе го сторат, едните со одложено дејство, другите веднаш. Ние како партија сметаме дека ова се пресудни избори за Македонија и за македонскиот народ и оттаму нашиот резултат на овие избори ќе биде коалиција која ќе поддржува само национални интереси без разлика на тоа како странскиот фактор ќе влијае и какви се околностите под кои владејачката партија не донесе. - рече Хактан за ТВ 24.