76-годишен возач излета од пат кај Лозово, тешко е повреден

Тешко повреден 76-годишен маж од Лозово откако со возилото излетал од пат. 

- На 04.04.2024 во 13.20 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на локалниот пат од крстосница А-3 до с.Каратманово, општина Лозово, патничко возило „форд“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(76) од село Лозово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општа болница Велес, соопшти полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.