Рубрика: Климатологија
Потврдено – 2023 година е досега најтоплата календарска година
Објавено на 10.01.2024 - 12:15

Аномалија на температурата на површинскиот воздух за 2023 година во однос на просекот за референтниот период 1991-2020 година.

Службата за следење на климатските промени Коперник (C3S) на Европскиот центар за временски прогнози со среден опсег потврди: 2023 година е најтоплата година досега.

Она што се стравуваше е потврдено – глобалните температури на планетата достигнаа исклучително високи нивоа во 2023 година. Службата за следење на климатските промени Коперник (Copernicus – C3S), спроведена од Европскиот центар за временски прогнози со среден опсег во име на Европската комисија , всушност следи неколку клучни климатски показатели во текот на годината, при што извести за некои рекордни услови: за месецот со најголемо температурно отстапување над просекот за периодот 1991 – 2020 година споредено со кој било друг месец во базата на податоци ERA5 – септември, дека дневните просеци на глобалните температури ги надминуваат прединдустриските нивоа за повеќе од 2°C, како и за најтоплиот декември забележан на глобално ниво, со просечна температура од 13,51°C.

Глобалната температура на површинскиот воздух се зголемува во однос на просекот за периодот 1850 – 1900 година, назначен како прединдустриски референтен период, врз основа на неколку збирки податоци за глобалните температури прикажани како петгодишни просеци од 1850 година (лево) и како годишни просеци од 1967 година (десно). График и податоци: C3S/ECMWF.

Глобалните температури од јуни наваму придонесоа 2023 година да стане најтоплата година досега, далеку надминувајќи ја 2016 година, која беше претходната најтопла година. Извештајот за глобалните климатски моменти за 2023 година, заснован првенствено врз податочната база за реанализи на ERA5, претставува општо резиме на најрелевантните климатски екстреми од 2023 година и главните фактори што нив ги предизвикале, како што се концентрациите на стакленички гасови, Ел Нињо и другите природни варијации.

Аномалија на температурата на површинскиот воздух за 2023 година во однос на просекот за референтниот период 1991-2020 година. Приказ и податоци: ERA5, C3S/ECMWF.

Првите знаци за тоа колку необична ќе стане 2023 година беа забележани на почетокот од месец јуни, кога температурните аномалии во споредба со прединдустрискиот период 1850 –1900 достигнаа 1,5 °C во неколку последователни денови. Иако ова не беше прв пат дневните аномалии да го достигнат ова ниво, она што беше необично е што тоа никогаш досега не се случило во овој период од годината. Во остатокот од 2023 година, дневните глобални температурни аномалии над 1,5°C станаа редовна појава, така што речиси 50% од деновите во 2023 година беа со температури над 1,5°C во однос на периодот 1850 – 1900 година.

Дневно глобално зголемување на температурата на воздухот на површината во однос на просечното за периодот 1850 – 1900 година, назначениот прединдустриски референтен период, за 2023 година. Приказот ги истакнува температурните зголемувања во три опсези: 1-1,5°C (портокалова), 1,5-2°C ( црвено), и над 2°C (црвено). График и податоци: ERA5, C3S/ECMWF

Тоа не значи дека сме ги надминале границите поставени со Парискиот договор (бидејќи тие се однесуваат на периоди од најмалку 20 години во кои е надмината оваа просечна температурна аномалија), но појавата претставува сериозен преседан.

Клучни зборови:
Аномалија на температурата на површинскиот воздух за 2023 година во однос на просекот за референтниот период 1991-2020 година.

Аномалија на температурата на површинскиот воздух за 2023 година во однос на просекот за референтниот период 1991-2020 година. Приказ и податоци: ERA5, C3S/ECMWF.

Дневно глобално зголемување на температурата на воздухот на површината во однос на просечното за периодот 1850 – 1900 година

Дневно глобално зголемување на температурата на воздухот на површината во однос на просечното за периодот 1850 – 1900 година, назначениот прединдустриски референтен период, за 2023 година. Приказот ги истакнува температурните зголемувања во три опсези: 1-1,5°C (портокалова), 1,5-2°C ( црвено), и над 2°C (црвено). График и податоци: ERA5, C3S/ECMWF

Глобалната температура на површинскиот воздух се зголемува во однос на просекот за периодот 1850 – 1900 година