• Горан Упале

По само еден ден откако полските медиуми го најавија новиот голман на Вардар, најтрофејниот ракометен колектив од Македонија го потврди доаѓањето на полскиот голман Милош Валах.
Вардарци од следната сезона ќе бидат засилени меѓу стативите со членот на Киелце, кој се согласи на верност со „црвено-црните“ до 2027 година. За овој потпис Вардар плати обештетување за да го откупи договорот на играчот..
24-годишниот ракометар лани се врати во Киелце, откако претходно беше позајмен во Вибжеже Гдањск и таму настапуваше две сезони. Сега покрај себе како клупски колеги ги има Адам , Бекри Корданија, Клемен Ферлин и Сандро Местиќ.
На последниот меч од Лигата на шампионите меѓу Киелце и Фуксе Берлин, новиот голман на Вардар имаше одлично прво полувреме и на крајот собра девет одбрани и неговиот тим имаше предност од два гола.
Вардар веќе ги пополнува местата во тимот за кои смета дека му се неопходни за во иднина. Валац е второто засилување за екипата за следната сезона, а од клубот најавуваат дека ќе следат и другите објави за новите играчи.