ФОТО: Уште еднаш покажа зошто е најдобар, Новак Ѓоковиќ ги руши сите рекорди

Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/RICHARD WAINWRIGHT

Уште еден доказ зошто српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња. Секојдневно руши најразлични рекорди и не е ни чудо што важи за најдобар играч во историјата на овој спорт.

Имено, Ноле стана единствениот играч во историјата на тенисот кој има 85 отсто победи на секој Грен слем турнир, 80 отсто на секоја подлога, 70 отсто на секој Мастерс и 70 отсто на секој турнир.

Овие бројки уште еднаш покажаа дека Ѓоковиќ е доминантен во светот на тенисот и дека може слободно да се каже дека е најдобар на сите времиња.

Да потсетиме, Ѓоковиќ од почетокот на сезоната настапи само на три турнири: Австралија опен, Индијан Велс, Монте Карло.

Србинот се подготвува за настапите во Мадрид и Рим кои ќе бидат подготовка за грен слем турнирот „Ролан Гарос“ кој ќе се одржи од 20 мај до 9 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот