5 причини зошто ова занемарено овошје треба да го внесете во секојдневната исхрана – штити од вирусни болести, идеално е за здравјето на срцето, мозокот...

Точка

21/03/2024

10:24

4.180

Големина на фонт

а а а

Овошјето и зеленчукот треба да бидат основен дел на здравата и избалансирана исхрана затоа што се полни со витамини и антиоксиданти кои се важни за правилното функционирање на организмот.

Кивите се малку занемарено овошје, но постојат повеќе причини зошто денот треба да го започнете токму со оваа намирница.

Двете најважни состојки на кивите се антиоксидантите и витаминот Ц. Количината витамин Ц на 100 грама киви е 98 милиграми, што е дупло повеќе од портокалот и лимонот.

Тој му помага на организмот да ги неутрализира слободните радикали, а така организмот се штити од многу болести. Се препорачува кивите да ги консумирате наутро за појадок.


1. Јакнење на имунитетот

Големата количина на фолна киселина, покрај витаминот Ц, го јакне одбранбениот состав на организмот. Тоа го зголемува создавањето не белите и црвените крвни зрнца, исто така и антитела кои нѐ штитат од вирусните инфекции.

2. Подобра циркулација

Кивите содржат витамин Е и омега 3 и 6 масни киселини кои го подобруваат здравјето на артериите. На овој начин се спречува создавање тромб и крвни грутки. Идеални се за заштита од тромбоза, срцеви удари и оштетувања на мозокот.

3. Губење на телесната тежина

Тие содржат многу вода и немаат голема енергетска вредност, па идеални се за слабеење и исфрлање на течностите од организмот. Ограничете се на две до три киви дневно затоа што поголем внес може да предизвика алергија.

4. Ублажување на стресот

Кивите се идеално овошје за ослободување од стрес. Поради големата количина на витамин Ц се ублажува и нервозата, но и тегобите.


5. Ги јакне коските

Минералите, како магнезиум и калиум се наоѓаат во кивите, а тие се неверојатни за јакнење на коските, забите и ноктите.

Кој не треба да консумира киви?

Лицата кои се склони на бубрежни болести, кои имаат песок или камен во бубрег, не треба да јадат киви затоа што тоа може да предизвика воспаленија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг