Овој минерал може да ви помогне да ослабнете: Неопходен е и за штитната жлезда и целиот организам, а го има во бројни намирници

Точка

08/04/2024

13:45

6.611

Големина на фонт

а а а

Групата луѓе која во истражувањето го пиела овој минерал додека била на диета, ослабнала повеќе за разлика од онаа која не го пиела.

Слабеењето не е едноставен процес, а дека е така докажува фактот што луѓето треба да се потрудат за да го постигнат тоа.

Многу од режимите на исхрана се премногу строги, премногу ригорозни, премногу рестриктивни и полни со правила кои можат да го загрозат здравјето.


Експертите се согласни дека најдобриот начин да се ослободите од вишокот килограми е избалансираната исхрана во која застапени се сите хранливи материи кои се неопходни за организмот.

Додека сме на диета, често сме во искушение во својата исхрана да додадеме суплементи, што треба да го направиме во консултација со својот доктор којшто е упатен во здравствената состојба и потребите.

Меѓутоа, постои ли некој суплемент којшто може да помогне во слабеењето?

Често како таков минерал се наведува селенот, а дали тој навистина може да го забрза процесот на слабеење?

Што е селен?

Селенот претставува еден од најважните есенцијални минерали во човековиот организам затоа што тој учествува во бројни процеси.


Тој е неопходен во биосинтезата на 25 различни селенопротеини, учествува во метаболизмот на хормонот на штитната жлезда, регулирање на реакциите на оксидо-редукција, заштита од оксидативно оштетување, ја поттикнува работата на имунитетот итн.

Дали селенот помага во слабеењето?

Штитната жлезда содржи високо ниво на селен, а неговиот недостаток е поврзан со поголем ризик од болести на штитната жлезда. Студиите покажале дека консумирањето на суплементот селен ја подобрува функцијата на штитната жлезда кај луѓето со блага хипотироида и автоимуна болест на штитната жлезда, пишува „Healthline“.

Оваа жлезда учествува во регулирање на метаболизмот, односно начинот на којшто телото ја претвора храната во енергија и согорувањето калории. Сѐ уште нема многу студии за врската на селенот и слабеењето, но одредени истражувања се ветувачки.


Се препорачува дневно внесување на 55 mcg селен, но во секој случај не треба да го земате на своја рака, задолжително треба да се консултирате со доктор којшто ќе процени дали тој ви е потребен.

Храна која содржи селен

Селенот најмногу се наоѓа во следната храна:

- месо;
- печурки;
- риба и морски плодови;
- јајца;
- мешунки;
- зеленчук (лук, кромид, брокули, прокељ, спанаќ, соја);
- овошје (банани, урми, бобинки, суво-грозје, грејпфрут, авокадо, јагоди, лубеница, киви);
- јаткасти плодови (ореви, бадеми, индиски ореви, лешници);
- житарици, печива од интегрално брашно, јачмен, кафеав ориз и овес;
- сончоглед.




Спонзорирани линкови

Маркетинг