Мадиќ: Без да се отвори Уставот нема евроинтеграции и напредок во државата

Викторија Аврамовска Мадиќ /Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

Го заштитивме идентитетот, македонскиот јазик и културата, да го отвориме Уставот за да почнеме со европската агенда, рече заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ за ТВ Клан.

„Мора да се отвори Уставот за да се отпочне со европската агенда. Без тоа нема евроинтеграции, нема напредок во државата. Ние, како држава го заштитивме идентитетот, македонскиот јазик и културата и сето она што е битно за една држава и мултиетничко општество“ рече заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ за ТВ Клан.

Таа додаде дека СДСМ изминатите седум години покажа дека е државотворна партија и дека сите дискусии околу реалните и нереалните предлози за отворање на Уставот може да се дискутираат по формирањето на новата влада.

Според Мадиќ, доколку се отвори Уставот тогаш може да се дискутира за повеќе прашања и барања на сите политички чинители вклучувајќи ја на пример и препораката на ГРЕКО, министерот да не биде член по функција во Судскиот совет, прашањето со еврообврзницата и вакумот за време на избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот