19 Мај, 2024
0.0287

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Објавено во: Мои пари 07 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Вистината игра клучна улога во зачувувањето на демократијата и општествениот интегритет, а регионалната кампања „Вистината е важна“("Truth matters") е од витално значење за информирање на граѓаните на Југоисточна Европа и Турција за опасностите од дезинформации и говор на омраза, како онлајн, така и офлајн.

Регионалната кампања која ја спроведува Советот за етика во медиумите во Македонија, заедно со шест регионални совети за печат,  а е дел од проектот „Градење на доверба во медиумите во Југоисточна Европа: Поддршка за новинарството како јавно добро“, која ги опфаќа земјите од Западен Балкан и Турција, а која е поддржана од ЕУ и УНЕСКО. Проектот има за цел да ја поддржи слободата на изразување во регионот.

Во рамките на кампањата беа изработени две видеа со цел да се информираат граѓаните како можат да постапат доколку тие или некој што го познаваат е жртва на говор на омраза или дезинформации.Исто така, во рамките на видеото се промовира важноста на професионалното и етичкото новинарство за секое демократско општество, особено за заедниците кои се соочуваат со широко распространета медиумска злоупотреба.Во овој контекст, особено беше истакната улогата на саморегулацијата на медиумите и работата на советите за печат во борбата против дезинформациите и говорот на омраза.

Податоците кои укажуваат на тоа дека лажните вести стигнуваат до граѓаните шест пати побрзо од вистинитите вести и дека 73 отсто од нив повеќе веруваат во гласините отколку официјалните информации, се алармантни и бараат итна акција.

Затоа во нашата кампања ставаме акцент на „борците за вистината“ – новинари кои доследно ги следат принципите на етичкиот кодекс, стремејќи се кон интегритет, професионалност и одговорност во новинарството.

Ги повикуваме граѓаните да бидат активни во борбата против дезинформациите и говорот на омраза и да се обратат до Советот за етика во медиумите во Македонија, доколку сметаат и препознаат дека тие или некој друг е жртва на неетичко известување во медиумите,на е-маил адресата: info@semm.mk .  

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО