Серафимов „пожолте“, ќе ја пропушти Белгија во јуни

По два натпревари Никола Серафимов доби два жолти картони во мундијалските квалификации и нема да настапи на почетокот од јуни во третиот натпревар од групниот сегмент против Белгија во Скопје. Дефанзивецот „пожолте“ во првите полувремиња од натпреварите против Лихтенштајн и Велс и му следи суспензија од еден натпревар.

По првите два натпревари македонската селекција освои четири бода и прими само еден гол.

Во јуни следат два натпревари во интервал од само четири дена. Серафимов нема да игра во Скопје против Белгија на шести јуни, а три дена подоцна ќе биде во комбинација за натпреварот против Казахстан на гостински терен.