logo
logo
logo

Скандал на повидок – Шпанија може да биде исфрлена од ЕП?

Vecer | 29.04.2024

Скандал на повидок – Шпанија може да биде исфрлена од ЕП?

Шпанскиот фудбал може да се најде во сериозен проблем по низата на скандали кои го потресоа тамошниот Фудбалски сојуз.
Нивната работа се наоѓа под лупата на ФИФА и УЕФА кои го осудија мешањето на политиката во спортот. ФС на Шпанија е под лупата поради истрагата за корупција, но и смената на претседателот Луис Рубиалес, кој за време на церемонијата на Мундијалот бакна репрезентативка на Шпанија.
Поради тоа реагираше шпанската влада која формираше комитет кој го надгледѕва функционирањето на ФС на Шпанија. Тоа не им се допаднало на ФИФА и УЕФА која побарале објаснување.
Петок е крајниот рок овој совет да го објасни прашањата на УЕФА и ФИФА, а тоа се: по која правна основа е именувана комисијата, каков е составот на ова тело, колку трае мандатот, кои се неговите овластувања и во каков однос е со извршните органи на Сојузот.
Доколку одговорот не биде задоволителен, репрезентацијата на Шпанија би можела да биде исфрлена од ЕП 2024, а последица би трпеле и шпанските клубови кои исто така би биле исфрлени од европските купови.
Пред Шпанија е клучна недела, а да потсетиме рускиот ФС ја изгуби можноста да го организира ЕП 2028, а клубовите беа исфрлени поради инвазијата на оваа држава на Украина.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk